Хорор во кривопаланечко: Момчиња бездушно го заклале соседот, телото го запалиле и го закопале
Две момчиња од кривопаланечкото село Луке, на возраст од 19 и 24 години, ќе одговараат за убиство, откако од користољубие – за да го ограбат, со нож убиле 84-годишен старец од нивното село. Момчињата, кои според неофицијални информации се браќа, телото на жртвата го запалиле и потоа го закопале. За крвавото убиство првично беше уапсен и нивниот татко, против кого полицијата не поднесе пријава.
„СВР Куманово поднесе кривична пријава по брза постапка против С.Ф.(19) и З.Ф.(24), двајцата од с.Луке, кривопаланечко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“. На 24 март 2025 во с.Луке, кривопаланечко, пријавените се договориле да извршат кражба на нивниот сосед Љ.С. и го намамиле да излезе во дворот, при што првопријавениот го нападнал со остар предмет“, пишува во полициското соопштение.
„Од здобиените повреди, тој починал на местото, по што му одзеле пари и телото го запалиле, додека остатоците ги закопале. Од судија на претходна постапка на пријавените им е определена мерка притвор“, додаваат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…