Кривични пријави за грабнување на жена во Делчево против три лица од Струмица
СВР Штип до ОЈО Кочани поднесе кривична пријава против Г.А.(37), Б.Ч.(23) и 60-годишната Р.Ѓ., тројцата од Струмица, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „грабнување” од чл.144 ст.1 од КЗ. На 06.04.2025 во 14.40 часот во беровско село, полициски службеници од ОВР Берово ги лишиле од слобода Г.А.(37), Б.Ч.(23) и 60-годишната Р.Ѓ., тројцата од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека од семејниот дом на Д.В.(59) од Делчево со употреба на сила ја земале 32-годишната вонбрачна сопруга на неговиот син и со патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки заминале од местото. На 07.04.2025 лицата се изведени пред судија на претходна постапка во судот во Кочани, при што на Р.Ѓ. и е одреден домашен притвор, а на Г.А. и Б.Ч. притвор во траење од 30 дена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Затворена истрагата за упадот во Кабинетот на…
Не се пронајдени дигитални траги ниту други…
Муцунски по средбата во Софија: Позициите се…
Позициите на Македонија и Бугарија во однос…
ЕУ бара од Русија итно да ги…
Европската Унија го засилува притисокот врз Русија…
Македонија и Турција ја продлабочуваат соработката во…
Министерот за правда Јетон Шасивари оствари билатерална…
СЗО: Речиси секоја трета девојка од 15…
Околу 43 милиони девојки на возраст од…