(Видео) Албанските партии пет месеци ја блокираат Декларацијата за признавање на Палестина поднесена од Левица
*Албанските партии пет месеци ја блокираат Декларацијата за признавање на Палестина поднесена од Левица*
На денешната седница на Собранието, пратеникот од Левица, Борислав Крмов, укажа на грубо кршење на Деловникот, парламентарната процедура и моралната рамнодушност во врска со Декларацијата за признавање на државата Палестина, која пратениците од Левица ја поднесоа пред пет месеци, а истата сѐ уште не се најде на дневен ред.
„Левица има поднесено Декларација за признавање на државата Палестина уште на 8 ноември 2024. Поминаа пет месеца, а Декларацијата останува закочена во Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија, под водство на Муса Џафери“, истакна Крмов и го повика спикерот Гаши да ја закаже седницата согласно Деловникот.
– Прво и основно, го газиме Деловникот. И второ, имаме ли ние, колеги, и посебно Вие, претседателе, совест воопшто во ова Собрание? Само пред некој ден гледавме видео каде после експлозија, педесет метри во воздух летаа распарчени тела на мажи, жени и деца. А ние во Собранието не можеме да отвориме ни една најобична дебата – потенцираше пратеникот од Левица
– И за иронијата да биде поголема, гласачкото тело на двете партии или коалиции коишто ја кочат Декларацијата на Левица (ВРЕДИ и на Европскиот фронт), всушност, се најголемите поддржувачи на Палестина и на палестинскиот народ – потсети пратеникот Крмов.
– Јас уште еднаш повикувам на совест на Собранието и посебно на Вашата совест, претседателе! Повикувам на разум, повикувам да имаме ад хок – координација каде што ќе разговараме за овој процес, итно да го откочиме и, конечно, во ова Собрание да се проговори за геноцидот во појасот Газа, којшто ни се случува пред очи! – апелираше пратеникот од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…
Единицата за насилен криминал – Одделение за…
Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…
Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…
Порше ѝ го продаде својот удел во…
Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…
Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…
Украина и Канада денеска потпишаа голем број…
Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…
Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…