Костова: Вработените во културата заслужуваат почит и достоинство – платата не е милостина, туку основно право
Потпретседателката на СДСМ, Костова, на последната прес-конференција испрати критики поради одолговлекувањето на исплатата на законското зголемување на платите според Општиот Колективен договор за јавен сектор. Според неа, овој договор, потпишан во 2019 година, донесе значајно зголемување од 53% за платите во културата, но по промената на власта, овие покачувања се запрени.
„Оваа ситуација е недозволива. Изговорите на актуелната власт се неосновани и само дополнително ги понижуваат оние кои се ангажирани на културната сцена. Личните желби и одлуки на поединци не можат да го определуваат стандардот на вработените“, истакна Костова.
Таа дополнително нагласи дека во некои институции под надлежност на Министерството за култура, веќе се испратени насоки кои го кршат Колективниот договор. Платите во тие институции ќе бидат пониски дури и од оние исплатени во февруари, што е крајно иронично, бидејќи не се усогласени со зголемувањето на минималната плата, иако тоа е законска обврска.
„Ова не е само беззаконие, туку и реално казнување на културата. Вработените во културата заслужуваат почит и достоинство. Платата не е милостина, туку основно право“, додаде Костова.
Таа повика на итна реакција од Министерството за култура, истакнувајќи дека е неопходно да се постапува согласно законите, а не според лични инструкции, за да се врати довербата и поддршката на вработените во културата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…
СДС никако да престане со умисла да…
Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…
Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…
„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот…
СДС се познати по пропаѓањето на банки…