Фондот за иновации се спојува со Агенцијата за поддршка на претприемништвото
Владата на денешната 66 седница ја разгледа и усвои информацијата за потребата од реорганизација на Фондот за иновации и технолошки развој и предлог за спојување со Агенцијата за поддршка на претприемништво, соопштија од „Илинденска“.
„Владата го задолжува Министерството за образование и наука во рок од 10 дена да формира работна група со претставници на Канцеларијата на Претседателот на Владата, Министерството за дигитална трансформација, Министерството за економија и труд, Агенцијата за поддршка на претприемништво и Фондот за иновации и технолошки развој која ќе има за цел да изработи нов или измена и дополнување на Законот за иновациска дејност, со што ќе се регулира реорганизацијата на Фондот за иновации и технолошки развој“.
Реорганизацијата, како што информираат од Владината прес-служба, е во насока на реализација на ветеното во делот на реорганизација на институциите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Османи: Косово станува центар за иновации во…
Претседателката Вјоса Османи на свеченоста во Технолошкиот…
Бајден разочаран: САД уназадуваат, веќе не сме…
Бајден: САД го загубија лидерството во иновациите…
Најавена „минимална пензија“ – Која е состојбата…
Со усогласувањето што оди од јануари, сите…
Прво дебата па покачување на пензиите –…
Најдоцна до следниот месец власта, експертите и…