Директорот на Геријатрија кој земал мито оди во притвор
Судот определи 30 дена притвор на директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Мухсин Арифи, и на уште едно лице кои се осомничени за примање поткуп од 20.000 евра за да сместат болно лице во установата.
„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, за определување мерка притвор против две лица осомничени за Примање поткуп од чл. 375 ст.5 в.в. со ст.2 од КЗ, а поврзани со Специјалната болница за геријатрија во Скопје, донесе решенија со кои:
Се прифаќа предлогот на ОЈО ГОКК и на осомничените М.А. и Б.А. им се определува мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165 ст.1 т.1, 2 и 3 односно Опасност од бегство, Влијание врз сведоци и Основано сомнение дека може да го повторат делото.
Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет“ – соопштија попладнево од Кривичниот суд.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СЗО: Речиси секоја трета девојка од 15…
Околу 43 милиони девојки на возраст од…
Криста Пајк ја преживеа егзекуцијата: Се разбуди…
Криста Пајк, осуденичката на смрт во Тенеси…
Нови експлозии во Саудиска Арабија: Аеродромот во…
Неколку силни експлозии одекнаа денеска во саудиската…
Македонски компании на светската сцена: Стотина пријавени…
Околу 100 македонски компании се пријавиле за…
Првите 12 километри од автопатот Прилеп –…
Првите 12 километри од автопатот Прилеп –…