Криста Пајк ја преживеа егзекуцијата: Се разбуди и повторно застана на нозе
Криста Пајк, осуденичката на смрт во Тенеси која минатата недела преживеа неуспешна егзекуција со смртоносна инјекција, се разбудила и веќе успеала повторно да застане на нозе и да оди, соопшти нејзиниот адвокат.
Педесетгодишната Пајк беше однесена во болница на 30 септември, откако во затворот со максимално обезбедување „Ривербенд“ во Нешвил ѝ биле дадени две дози од барбитуратот пентобарбитал, но егзекуцијата не успеала.
Нејзиниот адвокат Стивен Ферел изјави дека Пајк за првпат прошетала низ болничката соба, иако нејзината физичка и ментална состојба сè уште е сериозна.
„Рацете ѝ се сериозно повредени и едвај може да ги користи. Денеска за првпат стана и прошета, само низ собата, не многу далеку. Се врати, жива е и ние сме среќни поради тоа, но ментално сè уште не е целосно закрепната“, рече Ферел.
Според него, Пајк е свесна и комуницира, но сè уште е збунета, лесно го губи текот на мислите и заборава што сакала да каже. Засега не е познато дали ќе има трајни последици.
Нејзиното закрепнување претставува драматичен пресврт. Адвокатот Ренди Спајви изјави дека во понеделникот правниот тим верувал дека таа нема да закрепне и очекувал да биде исклучена од апаратите за одржување во живот. Следниот ден, сепак, Пајк се разбудила и почнала да зборува.
Кога се освестила, медицинскиот персонал го прашала: „Каде сум и кои сте вие?“.
Пајк и натаму се соочува со сериозни здравствени проблеми. Според нејзините адвокати, има згрутчување на крвта во едната рака, пневмонија, проблеми со голтањето и сериозно отечени и повредени раце и дланки.
Во меѓувреме, суд во Тенеси нареди да бидат зачувани сите докази поврзани со неуспешната егзекуција – лековите, шприцевите, инфузиските системи, снимките, комуникацијата меѓу службените лица и другите материјали од просторијата за егзекуција.
Пајк е осудена на смрт за убиството на 19-годишната Колин Слемер во 1995 година. Таа е првиот познат затвореник во САД што преживеал обид за егзекуција откако веќе му биле администрирани целосни дози од лекот предвиден за погубување. Претходно имало неуспешни егзекуции, но тие биле прекинати пред целосно да бидат дадени смртоносните лекови.
По случајот, гувернерот на Тенеси Бил Ли ги запре останатите егзекуции во државата до крајот на годината и нареди независна истрага за тоа што тргнало наопаку.
Адвокатите на Пајк бараат нејзината смртна казна да биде заменета со доживотен затвор без можност за условно ослободување. Засега не е познато дали властите во Тенеси во иднина ќе се обидат повторно да ја извршат смртната казна, а правните експерти предупредуваат дека таков обид би отворил досега невидени уставни и правни прашања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Криста Пајк ја преживеа егзекуцијата: Се разбуди…
Криста Пајк, осуденичката на смрт во Тенеси…
Нови експлозии во Саудиска Арабија: Аеродромот во…
Неколку силни експлозии одекнаа денеска во саудиската…
Македонски компании на светската сцена: Стотина пријавени…
Околу 100 македонски компании се пријавиле за…
Првите 12 километри од автопатот Прилеп –…
Првите 12 километри од автопатот Прилеп –…
Речиси 200 наставници од 80 училишта обучени…
Речиси 200 наставници од 80 средни училишта…