МВР гони четири лица за организирање на отпор, а шест кочанчани се повикани на разговор за протестите

t

МВР гони четири лица за организирање на отпор, а шест кочанчани се повикани на разговор за протестите. Иако од МВР претходно за Инфомакс потврдија дека за настаните во Кочани се поднесени кривични пријави за организирање на отпор и ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, денеска од МВР демантираат дека кривичните пријави се за лицата кои протестираа.

-МВР до сега поднесе три кривични пријави, но тие се за лица кои не ја почитуваа одлуката на Владата за прогласена седумдневна жалост, односно пуштаа музика и правеа огномети во период на седумдневна жалост, а не за било каков протест. СВР Скопје поднесе две кривични пријави за кривични дела „организирање отпор“ и тоа против едно лице од Скопје, кое во деновите на жалост било затекнато во Градскиот парк, како од звучник пуштало гласна музика и против две лица од Скопје кои во деновите на жалост на подрачје на Центар запалиле огномет. Исто така, СВР Охрид-ОВР Кичево поднесе една кривична пријава против едно лице, кое во деновите на жалост во неговиот угостителски објект во Кичево организирал забава на која била пуштана гласна музика – велат од МВР.

Како прекршување на седумдневниот молк е „организирање на отпор“ останува МВР да објасни во Обвинителството, но нема да биде чудно доколку ОЈО ги отфрли кривичните пријави поради погрешна квалификација на делото од страна на МВР.

Поднесени се кривични пријави против 4 лица за „организирање на отпор“ и една кривична пријава за ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем за случувањата во Кочани, информираа претходно од МВР за Инфомакс.

– Во врска со вашите прашања ве известуваме дека:

  • По член 387 од Кривичен законик поднесени се 3 кривични пријави против 4 лица,
  • По член 394-г од Кривичен законик поднесена е една пријава против едно лице. – стои во одговорот од МВР.

За организирање на отпор Кривичниот закон предвидува парична или казна затвор до три години.

Член 387:

(1)Тој што ќе организира други на отпор или на непослушност спрема законити одлуки или мерки на државен орган, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.
(2) Ако поради делото од став 1 дошло до неспроведување или до значително отежнување на спроведувањето на законита одлука или мерка на државен орган или делото го стори како водач на група, сторителот ќе се казни со затвор од една до пет години

За ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем е предвидена затворска казна од една до пет години.

(1) Тој што преку компјутерски систем во јавноста шири расистички и ксенофобичен пишан материјал, слика или друга репрезентација на идеја или теорија која помага, промовира или поттикнува омраза, дискриминација или насилство, против кое било лице или група, врз основа
на раса, боја на кожа, национално или етничко потекло, како и верско уверување, ќе се казни со затвор од една до пет години.
(2) Со казната од ставот (1) на овој член ќе се казни и тој што делото ќе го стори преку други средства за јавно информирање.
(3) Тој што делото од ставовите (1) и (2) на овој член го врши со злоупотреба на положбата или на овластувањето или ако поради тие дела дошло до безредие и насилства спрема луѓе или до имотна штета од големи размери, ќе се казни со затвор од една до десет години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Нема правда без одговорност на Тошковски…

Откако речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски…

ОЈО ќе организира средба со родителите на…

Откако за време на вчерашниот протест во…

Кочани ни е во фокусот, вели новиот…

Министерот најави амбициозен план за реформи во…

Мајка на загината во трагедијата во Кочани…

Мајка на загината во трагедијата во Кочани…

„Деко се криел во скривница додека децата…

Газда Деко се криел доле во скривница…