Објавено на:

Трамп уште повеќе ја подигна царинската стапка за Кина – сега е 145 проценти

t

Белата куќа денеска потврди дека американскиот претседател Доналд Трамп ја зголемил царинската стапка за увоз на кинески производи во САД на неверојатни 145 проценти, пренесе „Би-би-си“.

Зголемувањето уследи по новата извршна наредба на Доналд Трамп со која ги зголеми царините на 125%, од претходните 84%.

Дополнителните давачки од 20%, поврзани со мерките насочени кон земјите кои наводно ја произведуваат опасната дрога фентанил, ја доведуваат вкупната царинска стапка до сегашното ниво.

Овој потег означува уште една ескалација на трговската политика на Трамп кон Кина, која од своја страна возврати со царини од 84 проценти на увозот на американски стоки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Волстрит џурнал“: САД ги предупредија земјите од…

САД информираа неколку арапски земји од Персиски…

САД потрошиле над 47 милијарди долари за…

Американските вооружени сили потрошиле над 47 милијарди…

Трамп нуди награда од милион долари за…

Американскиот претседател Доналд Трамп нуди награда од…

САД подготвени за голем напад врз Иран…

Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) и американските…

„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…

Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…