СДСМ: Кој ќе одговара за последниот смртен случај на Кардиохирургија?

t

„СДСМ бара итна и целосна истрага за скандалот на Кардиохирургија и утврдување на одговорност за последниот смртен случај каде пациент почина со пукната аорта. Условите и околностите кои довеле до овој трагичен исход мора да бидат истражени и да следи одговорност“ соопштија од опозициската партија.

Од СДСМ прашуваат „Дали навистина, како што се тврди на Клиниката за кардиохирургија, операционите сали не функционирале кога пациентот во критична состојба бил донесен на клиниката? Зошто пациент со пукната аорта – состојба што бара итна интервенција – не бил опериран? Зошто бил вратен, и покрај тоа што неговиот живот висел на конец?“

„Ова не е само здравствен, туку и човечки и морален скандал. На Онкологија нема лекови, луѓе умираат по клиники, хаосот во здравството со ДПМНЕ и Таравари зема преголем замав. Човечки животи не смеат да бидат изгубени поради хаос, немарност и недостиг на одговорност. Овој случај мора да добие јасен одговор и одговорност!“ велат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…

Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…

Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…

Манасиевски: Го повикуваме ЈО да постапи по…

Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и…

„Разговори за иднината во 12:05“ со реакција…

Организаторите на платформата „Разговори за иднината во…

Петрушевски: Дали Филипче е пред договор за…

Венко Филипче, кој е познат како личност…