СДСМ: Повторно нема истрага против никој од МВР одговорен таа ноќ
Проширувањето на истрагата за страшната трагедија во Кочани се уште е фокусирана само на минатото а никако на моментите кога се случил кривично-правниот настан ниту на актуелни полициски функционери.
Истрагата се уште нема одговор на клучните прашања:
-Кој е одговорен за пожарот поради кој згасна 61 живот а околу 200 млади луѓе беа повредени?
-Кој ќе одговара за пропустите во безбедноста, за кои директно се надлежни МВР и БЈБ?
На денот на трагедијата, 16 март, актуелните функционери на ОВР Кочани, СВР Штип и БЈБ кои биле на позиции биле одговорни за безбедноста и морале да постапуваат.
Ако затаиле контролните механизми и безбедноста, кои се под директна надлежност на ОВР Кочани, СВР Штип, односно МВР и БЈБ како е можно ниту еден од актуелните функционери да не биде приведен и да не биде опфатен со истрагата?
Фактите говорат дека овие институции под директна надлежност на МВР не постапиле соодветно за време на кривично-правниот настан и непосредно пред него.
Не само што не изготвиле безбедносен план и не направиле проценка на ризик, полицијата била на лице место кобната ноќ во диското – видела малолетници, пиротехника, непријавен настан, клуб без лиценца – и не презела ништо.
Дополнително, МВР е надлежно и за дозволите и контролата на употреба на пиротехника во затворен простор –што е основна причината за пожарот.
Тошковски наместо да дава политички изјави треба да одговори како е можно да нема никаква одговорност од актуелните полициски функционери кои биле на позиции тој ден?
СДСМ инсистира на неселективна правда за Кочани. Никој не смее да биде заштитен. Истрагата не смее да продолжи да се води селективно насочена само кон минатото.
Одговорност мора да има за сите, особено за оние пропустите во безбедноста, без разлика на функцијата или позицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: СДС бега од одговорност бидејќи со…
Заеднички именител на Филипче и неговиот ментор…
МВР и ЈО наскоро ќе излезат со…
Министерството за внатрешни работи постапува во насока…
Прострелна рана во ногата имал скопјанецот кој…
Прострелна повреда во пределот на ногата била…
СДСМ со амандмани бара 2.500 денари повеќе…
СДСМ и коалицијата со амандмани на Предлог-буџетот…
МВР со важен апел до родителите: Препознајте…
Министерството за внатрешни работи упатува апел до…