ЕУ сега размислува да ги замени царините на кинеските електрични автомобили со минимални цени
Европската унија и Кина започнаа преговори за ново решение за замената, односно за укинување на царините на електричните автомобили од Кина. Решението најверојатно би вклучилe поставување минимални цени, јави „Ројтерс“.
Бидејќи односите меѓу Америка и Европа станаа затегнати, сега одеднаш доаѓа до промена на планот. Поради тоа, царините за електричните автомобили произведени во Кина наскоро би можеле да бидат укинати.
Европската унија и Кина штотуку започнаа круг преговори за изнаоѓање средина за замена на царините кои кинеската влада ги смета за неповолни. Кинеските производители добиваат нова можност, бидејќи повторно се интересни за Европа.
Според портпаролот на Европската комисија, извршното тело на ЕУ, двете страни размислуваат за воведување минимални цени за овие автомобили. Со други зборови, кинеските производители не треба да продаваат електрични автомобили во земјите-членки на ЕУ по цена пониска од онаа што ќе ја одредува евентуалниот договор.
Европската унија веќе има таква политика на минимални цени за хомогени стоки, но не и за автомобили. Преговарачот на ЕУ сака новиот договор за минимална цена да биде ефективен и спроведлив како и веќе воведените тарифи.
Некои кинески производители во моментов треба да платат тарифа од 35,3 отсто за да можат да продаваат електричен автомобил во земјите-членки на ЕУ. Таков е случајот со концернот SAIC, кој, меѓу другите, го поседува и брендот MG. Другите кинески брендови, како што се BYD и Geely, мора да платат царина од 17 проценти, односно 18,8 проценти. Овие нови даноци се надополнуваат на старата увозна тарифа од 10 проценти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…
Со новите измени на кривичниот законик ќе…
Трамп: САД постигнаа трговски договор со Кина!
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е…
Филипче од Атина: Македонија е заглавена со…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на меѓународна…
Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…
Целта на Пекинг е да ги најави…
Фон дер Лајен предложи нов пакет санкции…
Во вторник, Европската комисија (ЕК) го предложи…