Палевски денеска ќе одговара на прашања од обвинителството за убиствата на Вања и Панче

t

Во Кривичниот суд денеска продолжува судскиот процес за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. На рочиштето се очекува свој исказ да даде првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо, кој ќе одговара на прашањата поставени од обвинителките Ана Стојковиќ и Жаклина Јосифовска.

На претходното рочиште, Палевски сведочеше на прашања од својот адвокат Јовица Страшевски, при што негираше каква било вмешаност во убиствата. Тој упати критики кон медиумите, обвинувајќи ги за, како што рече, јавен линч, а исто така тврдеше дека бил „киднапиран“ од Кривичниот суд.

Палевски претходно изјави дека не го познава таткото на Вања, и објасни како ги познава другите обвинети во случајот. Во своето сведочење наведе и дека престојувал во Турција со цел, наводно, да истражи кој го убил Гоце Делчев, а спомена и план за патување во Русија, каде што сакал да однесе, според него, редок документ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…

Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…

АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…

Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…

Иран отвори прв воен камп за обука…

Иран го отвори својот прв воен камп…

Шпанија во генерален штрајк поради високите кирии…

Околу четири милиони луѓе се приклучиле на…