Објавено на:

ЕУ оствари рекорден трговски суфицит во медицинскиот и фармацевтскиот сектор

t

Извозот на медицински и фармацевтски производи од Европската унија достигна вредност од 313,4 милијарди евра во 2024 година, што е раст од 13,5 отсто во споредба со 2023 година.

Така, минатата година ЕУ постигна рекорден трговски суфицит во секторот медицински и фармацевтски производи, во вкупна вредност од 193,7 милијарди евра.

Германија беше најголемиот извозник на медицински и фармацевтски производи надвор од ЕУ минатата година (67,9 милијарди евра), по што следат Ирска (56,6 милијарди евра) и Белгија (41,4 милијарди евра). А на листата на најголеми увозници од земјите надвор од ЕУ, Германија го зазеде првото место (23,0 милијарди евра), Белгија на второ (21,3 милијарди евра), а Холандија на третото место (14,7 милијарди евра).

Главна дестинација за извоз на медицински и фармацевтски производи надвор од ЕУ во 2024 година беа САД (38,2 отсто од вкупниот извоз надвор од ЕУ – 119,8 милијарди евра), потоа Швајцарија (16,4 отсто – 51,3 милијарди евра) и Обединетото Кралство (5,8 отсто – 18,2 милијарди евра).

Најмногу увоз во ЕУ доаѓа од САД (38,3 отсто; 45,9 милијарди евра), Швајцарија (32,6 отсто; 39,1 милијарди евра) и Британија (7,3 отсто; 8,7 милијарди евра).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Австралија не разговара со ЕУ за придружно…

Австралиската влада реагираше за Euronews на најавата…

Мецола: Австралија и Нов Зеланд може да…

Земји како Австралија и Нов Зеланд би…

Карни: Канада ја прифаќа понудата за „придружно…

Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека Канада…

Фон дер Лајен: Со Кина зборовите се…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

ЕУ најавува план за забрана на социјалните…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…