РобусТна бесмислена мерка: Од денеска јавно ќе се објавуваат цените во маркетите
Од денеска стапува на сила нова обврска за сите големи трговци на мало – јавно објавување на цените на производите што ги нудат.
Оваа мерка се однесува на супермаркети, аптеки, продавници за бела техника и мебел, како и продавници за градежни материјали.
Надлежните велат дека доколку дојде до ненамерна грешка при објавувањето на цените, продавачите ќе имаат можност да ја поправат во рок од 24 часа без последици.
Стопанската комора со прехранбени производи на големо и мало бара од Министерството за економија продолжување на рокот за креирање веб-страници за правните лица кои подлежат на обврската.
Бидејќи, како што велат дел од малите трговци, сè уште се во процес на адаптација, од технички, финансиски и кадровски аспект, потенцираат дека постои реална потреба од дополнително време за квалитативна и одржлива реализација поради сложеноста и обемот на проблематиката.
Од Министерството за економија за ТВ21 велат дека ќе ја пречекаат Комората на состанок следната недела.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дурмиши: Цените на основните прехранбени производи не…
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши…
Нови цени на горивата од полноќ!
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
Ново поскапување на горивата од полноќ!
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
(Фото) Да не ве лажат! Цените во…
Цените во регионот се драстично помали во…
Мицкоски нема информации дека цените пораснале
Премиерот Христијан Мицкоски нема информации за зголемување…