Објавено на:

Новата програма за седмо одделение ги исклучува Албанците од учебниците по „Историја и општество“, велат од ДУИ

t

„Новата програма на Бирото за развој на образованието при Министерството за образование и наука за предметот „Историја и општество“ за седмо одделение претставува сериозен чекор назад и длабока навреда за Албанците во оваа земја. Овој документ, кој служи како основа за подготовка на учебниците, целосно ги игнорира Албанците, нивната култура, историја и придонес во заедничката држава“, истакнаа од ДУИ во денешното соопштение.

„Во претходната програма, подготвена од претходната влада, јасно беше наведено дека учениците треба да ја учат историјата на својот народ и на другите народи што живеат во државата. Се поттикнуваше свесноста за идентитетот, соживотот и меѓукултурната почит. Во новата програма, сите овие содржини се избришани без никакво објаснување. Нема ниту еден збор за Албанците, ниту за нивната улога во историјата, културата или општеството.

Ова не е техничка измена – ова е политичка порака. Намерна одлука историјата да се прикаже како дело на еден народ, државата како едноетничка, а Албанците како да не постојат. Ваквиот пристап не само што ги исклучува учениците Албанци од учебниците, туку создава чувство на отфрленост и неправда кај цели генерации.

Историја и општество не можат да се изучуваат без еден од најважните народи што го сочинуваат оваа држава. Програмата не само што ја ускратува можноста учениците Албанци да се препознаат себеси, туку директно ја поткопува идејата за соживот, еднаквост и взаемна почит.

Ги повикуваме надлежните институции да ја повлечат оваа еднострана и исклучувачка програма и да вратат пристап што ќе го одразува вистинскиот историски и општествен мозаик на Република Северна Македонија. Албанците не се невидливи – не во минатото, не во сегашноста, и не смеат да бидат исклучени од ниту една страница на нашата заедничка историја“, додаваат оттаму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонски државјани се повредени во сообраќајка во…

Двајца македонски државјани се здобиле со тешки…

МАЕИ бара поголема застапеност на македонското малцинство…

Од исклучителна важност е македонското малцинство, како…

Реџепи: ДУИ нема да дозволи дестабилизација на…

Во политичка дебата во „Само вистина“, Бајрам…

Во Албанија е идентификуван првиот случај на…

Првиот случај на мајмунски сипаници е потврден…

Рама: Албанија доби „зелено светло“ за отворање…

Албанскиот премиер Еди Рама објави дека земјата…