Ако се смилуваат божествата од Влада – Министерство за култура: Вработените ќе ги добијат платите со зголемување на почетокот од следната недела
Министерството за култура и туризам попладнево информира дека вработените во институциите од областа на културата ќе ги добијат платите со потребното зголемување во првите два работни дена следната недела, согласно Законот и Колективниот договор.
– Причините за доцнењето се заради усогласување на пресметките за плати со Министерството за финанасии, стои во соопштението од Министерството за култура и туризам.
Синдикатот на културата претходно преку соопштение изрази незадоволство поради неисплатените мартовски плати поради, како што наведуваат, ненавременото усогласување со минималната плата согласно одредбите од Колективниот договор за култура и со Општиот колективен договор.
– Вработените во културата во Република Македонија останаа со едно големо ништо за најголемиот христијански празник „Велигден“. Секој март од 2021 па наваму, кога се коригира минималната плата и кога платите во културата треба да се усогласат со минималната плата според Колективниот договор за култура, и оваа година, вработените во културата се соочија со проблеми. Овој пат – и БЕЗ ПЛАТА! За државата и институциите или е спорно усогласувањето со минималната плата, според КД за култура, или се спорни 10% според општиот колективен договор дадени пред 2 години на цел јавен сектор без исклучок, наведоа од Синдикатот.
Синдикатот посочи дека според Колективниот договор за култура, платата треба да се исплати до 10-ти во месецот, а според законите во државата до 15-ти, но дека до тоа не дошло, поради што најавија протести во вторник.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шасивари: Во октомври средба со студентите за…
Правосудниот испит не е само прашање на…
ВЛЕН: Случајот Ласкарци е симбол на неуспехот…
Седум години по трагедијата кај Ласкарци, семејствата…
Предложен е притвор за заменик-директорот на Царина,…
Постапувајќи по пријава од граѓанин, јавен обвинител…
Норвешката принцеза Астрид почина на 94-годишна возраст
Норвешката принцеза Астрид, постарата сестра на покојниот…
Мајка го тепала своето 4-годишно дете, ќе…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.О.(38)…