Кочанчани се соочуваат со уште еден проблем: Оризопроизводителите и земјодлците ги очекуваат рестрикции на вода

t

Никола Петров, од Универзитетот Гоце Делчев Штип и член на Левица, на фејсбук направи една кратка анализа околу производството на ориз во Кочани и регионот.

Ако во 80-тите во Кочани се сееле по околу 6 илјади хектари ориз, сега таа површина изнесува околу 4 илјади хектари.
Половина од ланската произведена реколта на оризова арпа стои непродадена во магацините на производителите. Иако од ДПМНЕ ветија дека ќе откупат арпа за стоковите резерви, таа уште не е откупена.

Деновиве треба да почне овогодишната сеидба на ориз. Каналите за наводнување не само што не се исчистени и обновени, нема ни доволно вода во акумулацијата Калиманци. Во Калиманци има околу 50 милиони кубни метри вода, што е половина од нејзиниот капацитет.

Земјоделците ги чека рестрикции на вода.

Ова значи дека ќе има намалување на посеаните површини од лански 4 илјади хектари на пола.

Нема пласман, нема откуп за стокови резерви, нема вода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Го победивме Иран, но сакаме целосна…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска прогласи победа…

Нетанјаху: Влада на национално единство сè уште…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека…

Савески до пратениците: Во овој момент не…

Државниот јавен обвинител Ненад Савески, кој беше…

Мицкоски: Цените на енергенсите во Европа се…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју…