Удри по народот… Инженери предупредуваат: Владата озаконува фактурирање на сметки за струја со неотчитани броила
Озаконето фактурирање на сметките за струја без претходно читање на броилата. Владата предлага контроверзни одредби во предлог-законот за енергетика, алармира Здружението Инженери на Република Македонија.
Машинскиот инженер, Дениз Мустафаоглу појаснува дека паушално наплаќање на сметките речиси секогаш е на штета на потрошувачите, особено откако беа воведени блоковите.
– Досега практиката на ЕВН дистрибуција била да на некои места кадешто не може да пристапи или не ги нашле домаќините тие предвидуваат потрошувачка на струјата и таква ја фактурираат.
Меѓутоа, предвидувањето и потоа отчитувањето на состојбите неретко доведува во ситуација да се влегува во повисок пресметковен блок, или да се биде во понизок пресметковен блок, а потоа со израмнувањето да се влезе во повисок пресметковен блок. Тие разлики фактички доведуваат до тоа граѓаните да плаќаат поскапи сметки, а да не ни знаат за тоа, вели Мустафаоглу.
Ова најчесто се случува во зимските месеци, кога се воведува нова пресметка на цената на струјата, како што беше на крајот на минатата и почетокот на оваа година кога голем број се жалеа дека добиле многу повисоки сметки од вообичаено. Тогаш околу 15.000 домаќинства ги обжалија своите сметки, а ЕВН изврши корекција на фактурите на околу 15% од барањата.
Инженерите направиле груба пресметка според која, домаќинствата кои се оштетени, а не поднесуваат жалба, годишно плаќаат околу 8.000 денари повеќе отколку што треба.
– Ние направивме некаква груба пресметка за тие 15% во случај кога се нарушува, со таквото пресметување, само во првите два блока, кога се влегува од првиот во вториот и од вториот во третиот блок. И на 15% од тие граѓани, направивме статистичка грешка, на пример од 10%. Дојдовме до заклучок дека таквите аномалии предвидуваат дополнителни приход од 2 милиони евра на ЕВН. Приход којшто можеби Регулаторната комисија го зема предвид и го враќа назад кај сите потрошувачи, меѓутоа, поедини потрошувачи се оштетени со таквите пресметки. Мислиме дека тоа е нефер и недозволено со европските регулативи, вели Мустафаоглу.
Од Министерството за енергетика се запознаени со реакциите на Инженерите, но велат дополнително ќе ги разгледаат.
– Министерството ги следи сите реакции поврзани со предлог-законот за енергетика. Сите сугестии, вклучително и оние од стручната фела ќе бидат разгледани во текот на законската процедура, велат од Министерството за енергетика.
Се обидовме да добиеме став и од првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика. Меѓутоа, Марко Бислимовски ни кажа дека не би коментирал нешто во постапка на менување на правилата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полицаец издавал службени тајни од МВР по…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…
Левица предлага намалување на работното време од…
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…
Почина 49-годишен прилепчанец, го удри автомобил додека…
МВР информира дека синоќа околу 21 часот…
Најчевска за Славески: Ги мразам ликовите кои…
Поранешната професорка и граѓанска активистка, Мирјана Најчевска…
Драма на небото над Бугарија: Авион на…
Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…