Новиот градоначалник на Кочани: Започнува строго контролирање на градбите низ Кочани – граѓаните да пријавуваат!
В.Д. градоначалникот на Општина Кочани, Венко Крстевски најави дека започнува строга борба со незаконското градење, нагласувајќи дека законските прописи и мерки ќе важат подеднакво за сите.
„Предупредувањето е превентивно. За оние што ќе се спротивстават ќе има кривични пријави, записник, решение за отстранување, а имотот ќе прејде во сопственост на државата. Ги повикувам сите совесни граѓани да пријавуваат бесправно градење кај надлежните општински служби“, изјави Крстевски.
Според Кривичниот законик, казната за тој што гради на туѓо земјиште без одобрение или спротивно на одобрението издадено од надлежен орган е од три до осум години затвор.
„Со легалното градење се плаќаат комуналии, со кои се полни општинскиот буџет, а тие средства се вложуваат во проекти од јавен интерес, во корист на целата заедница. Можеби оваа одлука ќе ја почувствуваат многумина. Можеби ќе изгледа како некој да е „оштетен“. Но вистината е едноставна подобро е материјално погоден, отколку животно загрозен. Трагедијата во дискотеката не разбуди сите. Не смееме да дозволиме повторно да жалиме за нешто што можело да се спречи. Ако не ја научиме лекцијата сега, кога?“, додаде Крстевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Предложен е притвор за заменик-директорот на Царина,…
Постапувајќи по пријава од граѓанин, јавен обвинител…
Норвешката принцеза Астрид почина на 94-годишна возраст
Норвешката принцеза Астрид, постарата сестра на покојниот…
Мајка го тепала своето 4-годишно дете, ќе…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.О.(38)…
Вучиќ најави оставка, ќе се спрема за…
Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека по…
Собраниската комисија даде „зелено светло“ за Законот…
Собраниската Комисија за надворешна политика и надворешна…