Објавено на:

Кочоски и Бузалковски се квалификуваа на „24 часа Ле Ман“

t

Македонските мотоциклисти Синиша Кочоски и Христијан Бузалковски и официјално ќе настапат на една од најтрадиционалните и најпрестижните авто-мото трки во историјата „24 часа Ле Ман“.

На квалификациите, Кочоски и Бузалковски со својот тим од Чешка, Уни Серв Мото 82“ обезбедија пласман на главниот настан и в сабота ќе возат 24 часа на легендарната авто-мото пакета.

Македонците веќе неколку дена се во Франција, каде по неколкуте тренинзи, денеска го потврдија својот квалитет и со одличните настапи придонесоа нивниот клуб да се најде на трката која што ќе биде во центарот на вниманието на мото-светот овој викенд.

Трката која е во рамки од Светското првенство во издржливост започнува в сабота од 15:00 часот, а ќе се вози до недела до 15:00 часот.

Иако за нив ова ќе биде прв предизвик од ваков карактер, Кочоски и Бузалковски се максимално подготвени во најдобро светло да се покажат пред светскиот мото-крем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…