СДСМ бара оставка од Љутков: Џабе извинувања, работниците од културата на протест – останаа без плати за Велигден
Ако Љутков не е способен да ги исполни обврските, нека си поднесе оставка. Работниците во култура не се статисти во општеството– реагира опозициската СДСМ, откако над 3.000 вработени на големиот христијански празник Велигден останаа без плати. Од СДСМ велат не вреди извинувањето на Љутков.
„Од мартовската плата требаше да започне корекција на примањата во согласност со потпишаниот колективен договор. Наместо тоа, културните работници беа игнорирани и дискредитирани со манипулативни изјави од самото Министерство – дека не работеле доволно, дека не ја заслужуваат платата, дека платите биле „високи“. Ваквиот однос покажува целосна незаинтересираност на Владата за оние што ја носат културата на грбот“, велат од СДСМ.
Целото соопштение во продолжение:
Владата на ВМРО-ДПМНЕ направи груб и срамен удар врз културните работници токму во пресрет на големиот христијански празник Велигден. Наместо со зголемени плати, како што беше договорено со колективниот договор од 2021 година, вработените во културата празниците ги дочекаа без плата.
Од мартовската плата требаше да започне корекција на примањата во согласност со потпишаниот колективен договор. Наместо тоа, културните работници беа игнорирани и дискредитирани со манипулативни изјави од самото Министерство – дека не работеле доволно, дека не ја заслужуваат платата, дека платите биле „високи“.
Ваквиот однос покажува целосна незаинтересираност на Владата за оние што ја носат културата на грбот.
СДСМ прашува, зошто не се почитува колективниот договор? Зошто културните работници се навредуваат од страна на институцијата што треба да ги штити? Ако Љутков ако не е способен да ги исполни обврските, нека си поднесе оставка.
Културните работници не се статисти во општеството. Тие создаваат вредности, чуваат традиција, ја градат колективната свест. И заслужуваат третман со достоинство, а не молк, навреди и игнорирање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: СДСМ нема да биде алиби за…
СДСМ нема да биде алиби на власта…
Мицкоски: Во секое време сме подготвени да…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во вечерашното…
Мицкоски: Намерата на СДСМ за Гостивар не…
Премиерот Христијан Мицкоски го повика Обвинителството да…
СДСМ: Кога Мицкоски ќе појде во Гостивар…
Од СДСМ преку соопштение упатија критики кон…
Савески да постапи по кривичните пријави од…
Поминаа повеќе од пет недели од здравствената…