Објавено на:

Според Зеленски Русија извршила 46 воздушни напади и 900 гранатирања на Велигден

t

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека Русија денес, до 16 часот по локално време, извршила 46 воздушни напади и 900 гранатирања на територијата на Украина. Ова го пренесува врховниот командант на украинската армија, Олександр Сирски.

Зеленски објави дека руските сили, во текот на Велигден, користеле 400 дронови за напади. Со тоа продолжиле  со агресијата над Украина. Претседателот нагласи дека оваа активност на руските воени сили претставува прекршување на велигденскиот прекин на огнот. Тој беше договорен за регионот на Доњецк и областа Курск во Русија, а важи до утре на полноќ.

Ова е само еден во низата на напади кои продолжуваат да ги погодуваат украинските региони, додека украинските власти повторно изразуваат загриженост за зголемената агресија од страна на Русија, и ја повикуваат меѓународната заедница на нови санкции и мерки.

Претходно, Владимир Путин прогласи велигденско примирје. Нареди прекин на сите воени операции во Украина за одреден период. Примирјето ќе трае од денеска, од 18:00 часот до 00:00 часот до понеделник. Ова е како хуманитарен гест во чест на Велигден.

Примирје со предупредување за провокации
Путин ја нагласи важноста на подготвеноста на руските војници за можни прекршувања на примирјето од страна на украинската страна. Според Путин, руските сили мора да бидат спремни да одбијат било какви агресивни акции и провокации од непријателот за време на примирјето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Континуираната финансиска поддршка од ЕУ ќе…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…

Зеленски го повика Западот на обединет фронт…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во Давос…

Зеленски им порача на критичарите „да одат…

Од лидерот беше побарано да одговори на…

Зеленски му пријде на Орбан очи во…

Претседателот на Украина Володимир Зеленски и премиерот…

Зеленски ќе се сретне со Бајден

Двајцата лидери ќе разговараат за заеднички воени…