Снајперисти убија повеќе од 700 коали за да не угинеле од глад и жед
Стотици коали се убиени од хеликоптер во голема акција на властите во Австралија откако шумските пожари го уништија нивното природно живеалиште, што предизвика осуда и критики од активистите за правата на животните, извести „Индепендент“. Досега се убиени над 700 коали а се стравува дека во наредните денови бројот на убиени животни може да порасне.
Снајперисти од Министерството за енергија, околина и климатски мерки патролираат на местото „Буџ Бим“ во југозападна Викторија. Убивањето се оправдува со стравот дека коалите ќе угинат од глад и дехидратација поради губењето на 2 илјади хектари од националниот парк.
Меѓутоа, активистите тврдат дека методата е крута, бидејќи здравствената состојба на коалите не може да се утврди од хеликоптер.
Викторијанската премиерка Јацинта Алан ја брани политиката на владата и вели дека „коалите се тешко дехидрирани и под голем стрес“. Додаде дека се направени опсежни проценки на состојбата во конктест на шумскиот пожар кој го зафатил тоа подрачје.
Меѓутоа, истражувачите на коалите тврдат дека ова е уште еден пример на лошо управување со овој вид животни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Предвремени избори би биле неодговорно однесување…
Предвремени избори би биле неодговорно однесување кон…
БРИТАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ПОВИКА ВЛАДАТА ДА ГО СЛЕДИ…
Велика Британија нема да може да изгради…
АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ со трипати поголем рејтинг од…
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ужива убедлива доверба кај…
Славевски: Алта банка е стабилна, сите процедури…
Алта банка АД Битола е стабилна, со…
Трамп го номинира Михаил Богачек за нов…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го номинираше…