И Мицкоски се збогуваше со папата: Неговите зборови секогаш охрабруваа
Премиерот Христијан Мицкоски изрази длабока тага по повод смртта на Неговата Светост, Папата Франциско, нарекувајќи го духовен водач кој остави неизмерно хуман, чесен и посветен траг во историјата на современиот свет.
„Неговата порака за мир, солидарност, грижа за најранливите и дијалог меѓу народите беше светлина за милиони луѓе, без разлика на верата или нацијата. Беше глас на совеста во време на глобални предизвици и неизмерен пример за човечност и морална храброст,“ се вели во изјавата на премиерот.
Тој посочи дека папата Францискo низ годините постојано ја изразуваше својата поддршка за Македонија, за нејзините напори за мир, соживот и почитување на различностите.
„Неговите зборови секогаш охрабруваа, а неговиот однос кон нашиот народ беше исполнет со топлина и почит,“ додаде премиерот Мицкоски.
Во свое лично име, во име на Владата и на сите граѓани, премиерот упати најискрено сочувство до Ватикан, Католичката црква и сите верници кои денес тагуваат.
„Вечна му слава и благодарност,“ заврши тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски воен сателит опасно се приближил до…
Руски воен сателит се приближил на околу…
ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…
Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…
СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…
Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…
(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…
По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…
Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…