Заврши доказната постапка во судскиот процес за пожарот во модуларната болница, завршните зборови во мај

t

Во Основниот суд во Тетово денеска заврши доказната постапка во повторениот судски процес за обвинетите Флорин Бесими и Артан Етеми и ЈЗУ Клиничка болница во Тетово, како правно лице, кои се обвинети за кривичното дело „тешки дела против општата сигурност“, во врска со пожарот што на 8 септември 2021 година изби во модуларната болница во Тетово при што животот го загубија 14 лица.

Во текот на денешната главната расправа прво се читаа искази на сведоци на Обвинителството дадени во првиот судски процес, а потоа се прочитаа и три искази дадени на сведоци предложени од одбраната на обвинетите.

Кога судијата Реџеп Муса констатираше дека заврши доказната постапка ги праша сите страни во процесот дали може да се продолжи расправата со завршен збор. Адвокатот Илчо Гавровски, бранител на обвинетиот Бесими, побара одбраната да добие препис на електронски докази, што беше одбиено од судот. Судијата обраложи дека истите електронски докази веќе биле репродуцирани на 18 март 2025 и дополнително барање за издавање на препис на такви докази е во спротивност на начелото за ефикасна и економична постапка.

По барање на адвокатите на бранителите и согласност на полномошниците на оштетените и Обвинителството, судот определи завршните зборови да се искажат на 12 мај со почеток во 10 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Омилената докторка на повредените е нова директорка…

Д-р Катерина Паниќ – Мирчовска е нова…

Наместо во благајна, парите завршиле во џеб:…

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за…

Јавен апел: Сите повредени во пожарот во…

Сите повредени во пожарот кои биле на…

НЕКОЈ ЧЕПКАЛ ВО СТРУЈАТА ВО ШТИПСКАТА МОДУЛАРНА…

Станува збор за сериозна закана која бара…

(Видео) Катастрофална слика во битолската болница

Гледачи на Инфомакс до нашата редакција испратија…