Тешка кражба во домот на Битиќи, украден е сеф
За време на велигденските празници се случила тешка кражба во домот на пратеникот на СДСМ и поранешен вицепремиер, Фатмир Битиќи. Според информациите на дел од албанските медиуми, украдел бил метален сеф во кој наводно имало златни предмети и рачни часовници кои имале голема парична вредност.
-На 21.04.2025 во 11.40 часот во СВР Скопје, Ф.Б.(49) од Скопје пријавил дека во периодот од 07.30 часот на 18.04.2025 до 03.00 часот на 21.04.2025, со употреба на сила и погоден алат било влезено во неговиот дом на подрачјето на Бутел во Скопје и биле одземени пари и други предмети, стои во полицискиот билтен.
Битиќи во изјава за медиумите го потврдил немилиот настан, но, не сакал да открие повеќе детали.
Пратеникот денеска се појави на работа во Собранието и присуствуваше на редовната седница.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Остана ли некој нормален? Повторно пријавена украдена…
Скопјанецот Г.Ј. (63) денеска пријавил во полиција…
Жена ограбила книжарница во Штип
На 30.05.2025 година во 17.50 часот во…
Уште една бронзена биста украдена од гробиштата…
Жител на Волково вчера пријавил дека од…
Болест: Украдена биста на почината жена од…
Скопјанец пријавил дека била одземена биста со…
Украдени бисти на Крсте Петков Мисирков и…
Вчера во 09.30 часот во СВР Скопје,…