Се урна таван во училница во Србија, за среќа немало ученици
Во издвоено одделение основното училиште „Караѓорѓе“ во српското село Сараново кај Крагуевац денеска паднал таванот во една училница, а учениците се пратени дома и во училишната зграда нема да има настава, потврдија за агенцијата „Бета“ од Управата на училиштето.
Селото се наоѓа во општината Рача, помеѓу Крагуевац и Смедеревска Паланка. Од утре ќе се организира настава на друго место.
Како што дознава агенцијата од жителот на Рача Томислав Вељковиќ, кој јави за несреќата, реконструкцијата на училишната зграда во Сараново завршила пред само четири месеци.
За време на велигденските празници се урнала таванската конструкција од обновената училница, а утринава откако наставниците пристигнале во училиштето, било одлучено учениците да се вратат дома поради небезбедност на објектот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…
Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…
Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…
Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…
Србија отвори фабрика за израелски дронови, Вучиќ…
Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека денеска…