Кремљ не е запознаен со мировниот план на Доналд Трамп
Кремљ не е запознаен со содржината на мировниот план на Доналд Трамп за решавање на руско-украинскиот конфликт, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
„Никој не би го објавил тоа јавно“, рече Песков. Според него, активни се сите постоечки канали на дијалог меѓу Русија и САД за решавање на ситуацијата. Претходно, извори од „Њујорк пост“ изјавија дека планот на Трамп би можел да вклучи и распоредување на европски трупи на територијата на Украина во случај да се постигне договор за прекин на огнот. Дополнително, се разгледува можноста за создавање специјални мировни сили за следење на прекинот на огнот, кои би изгледале како „заедничка комисија“ составена од Руси, Украинци и трета земја која не е членка на НАТО. Оваа трета страна, пишува весникот, треба да ја надгледува линијата на фронтот за да се осигура дека двете страни ќе го положат оружјето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…
Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…
Кремљ за изјавите на Трамп дека Путин…
Кремљ ги коментира „емоционалните реакции“ на претседателот…
Кремљ ги соопшти условите за прекин на…
Директни преговори меѓу Москва и Киев се…
Голем пад на рејтингот на Трамп
Од март оваа година актуелниот претседател на…
Брижит Макрон и Доналд Трамп не го…
Првата дама на Франција Брижит Макрон предизвика…