ЕУ не се откажува од партнерството со САД
Европскиот комесар за економски прашања Валдис Домбровскис денеска изјави дека Европска Унија нема да се откаже од трговското партнерство со САД.
– ЕУ не го напушта своето најблиско, најдлабоко и најважно партнерство, она со САД, наведе Домбровскис на форум во Вашингтон.
Тој додаде дека ЕУ планира да има нови партнерства во контекст на трговската војна иницирана од американскиот претседател Доналд Трамп.
Претседателот на САД, воведе царина од 10 отсто на стоки од повеќето земји во светот, вклучувајќи ја и ЕУ, на која исто така и се закани со уште построги мерки во случај на европски одговор. Трамп, исто така, воведе царини од 25 отсто за одредени суровини, како челик и алуминиум, како и за автомобили увезени во САД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ФБИ нуди награда за информации поврзани со…
Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Познато е кој ја уби демократската претставничка…
Осомничениот за атентатот и обидот за атентат…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
УЖАС во САД: Убиени пратеничка на демократите…
Минесота е во шок откако државната претставничка…