Објавено на:

Професор предупредува дека се можни нови посилни земјотреси во Турција

t

Пукнатина долга 15 километри и широк 9,5 километри се појави по земјотресот во регионот на Истанбул вчера со јачина од 6,2 степени според првичната техничка анализа објавена од Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), пренесе БТА.

Земјотресот се случи во дел од зоната на раседот на Северна Анадолија во централниот дел на Мраморното Море и траеше 13 секунди. Поместувањето по должината на раседот е околу 30 сантиметри, според првичниот извештај, пренесен од турската телевизија НТВ.

Земјотресот регистриран во 12:49 часот вчера во близина на брегот на градот Силиври, област Истанбул, се почувствува во радиус од 300 километри. АФАД предупредува дека последователните потреси може да продолжат и во наредните денови. Според податоците на АФАД, по вчерашниот земјотрес се регистрирани 185 последователни потреси со јачина меѓу 4 и 5 степени.

Земјотресот со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, кој исто така го потресе Истанбул во средата, го обнови интересот за предупредувањата од еден од водечките турски експерти за потенцијалот за поразурнувачки сеизмички настан во регионот, пишува Türkiye Today.

Проф. д-р Начи Геруш веќе предупреди дека регионот на Мраморното Море може да доживее земјотрес меѓу шест и седум степени според Рихтеровата скала и додаде дека она што „ќе следи ќе биде уште посилно“.

Тој го критикуваше сегашниот пристап кон сеизмичката подготвеност и истакна дека отпорноста на земјотресот ги надминува градежните мерки. Тој повика на координирани активности од страна на државните органи, општините и граѓаните за правилно подготвување на Истанбул. По вчерашниот земјотрес, тој рече дека „ова не е големиот земјотрес што го очекуваме во Мраморното Море. Овие настани го зголемуваат стресот создаден во овој расед, туркајќи го кон пукање“.

Има 283 повредени лица кои панично скокнале од височина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По 19 месеци затвор, ослободен турски комичар…

Турски суд во понеделникот го осуди комичарот…

Силен земјотрес го погоди југоистокот на Турција

Земјотрес со јачина од 5,4 степени е…

Ердоган до Зеленски: Турција е подготвена да…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…

Најмалку 11 лица ранети во пукање пред…

Тинејџер отворил оган пред средно училиште во…

Ердоган повторно ќе се кандидира за претседател…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе се…