Крадецот од манастирот „Успение на пресвета Богородица“ во прилепско украл од 12.000 до 15.000 денари
Ноќта помеѓу 22 и 23 април бил ограбен манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во селото Обршани, Општина Кривогаштани. Информацијата за грабежот е објавена на Фејсбук-страницата на манастирот, како и снимката од безбедносните камери. На нив е документирана кражбата, при што се забележува маж кој маскиран со „фантомка“ влегол во манастирот и од масата каде се продаваат свеќите ја зел фиоката со парите.
Настанот сликовито го опишува Благојче Евтимџиоски од селото Обршани, верник кој имал можност преку апликација на мобилниот телефон да ја следи состојбата со видео надзорот во Манастирот од каде се смета дека се украдени од 12 000 до 15 000 денари.
-Кражбата се случи во 3 часот по полноќ на 23 април. Јас добив порака на мобилниот изутрината, зашто имаше прекин во интернетот. Штом го видов видеото, веднаш пријавив во полицијата и отидов во Манастирот. Дојдоа двајца полицајци од полициската станица од општина Кривогаштани. Дадов изјава, па морав тоа да го направам и во прилепската полиција. Фиоката е оставена надвор, а крадецот, според нашите пресметки украде од 12.000 до 15.000 денари, објаснува Евтимџиоски.
Необично е што пред кражбата во Манастирот, крадецот бил забележан околу багерите на патот во селото.
-Вечерта на 22 април, пред ноќната кражба во Манастирот, крадецот го виделе како се движи околу багерите на патот што се гради во селото. Се сожалиле на него и го пуштиле. Тој прашал каде е пругата, му објасниле и веројатно по тој пат стигнал ноќта до Манастирот и го ограбил, вели Благојче Евтимџиоски.
Тој посочува дека вчера попладнето, по кражбата во Манастирот, крадецот бил виден меѓу селата Пресил и Бучин.
Случајот се истражува. Ова првпат се случило во Манастирот кој имал видео надзор од пред една година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…