Архиепископот г.г. Стефан отслужи 40 дневен помен за настраданите во Кочани

t

На 24 април 2025 година, четврток од Светлата седмица, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион отслужи света заупокоена Литургија за покој на душите на прерано починатите во трагичниот настан во Кочани, во сослужение на свештенослужители од Кочанското архијерејско Намесништво, во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Кочани.

За време на Божествената Литургија, Митрополитот г. Иларион произнесе и молитви за оздравување на повредените во трагичниот настан во Кочани.

По завршувањето на Светата Литургија, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, г.г. Стефан, отслужи парастос по повод 40 дена од упокојувањето на прерано починатите од трагичниот настан во Кочани, во сослужение на надлежниот архијереј, Митрополитот Брегалнички г. Иларион и свештенослужители од Скопската и Брегалничката епархија.

Боговдахновена и утешителна беседа искажа Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Град Скопје поднесе 20 случаи на незаконски…

Град Скопје поднесе 20 случаи на незаконски…

Санчез му порача на Израел: Шпанија не…

Шпанскиот премиер Педро Санчез ја повтори својата…

Филипче до Мицкоски: Ветивте промени во Преговарачката…

На денешната седница на пратенички прашања, претседателот…

Владата ја продава иднината под превезот на…

Најавата од министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска,…

Брисел уште еднаш потврди: Изразивме загриженост за…

Европската комисија контактирала со Министерството за образование…