Тешка сообраќајна несреќа во кичевско, повредени се тројца луѓе

t

Тројца луѓе на возраст од 66 до 88 години се повредени во тешка сообраќајна несреќа во кичевско, соопшти МВР.

„На 24.04.2025 во 16.55 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на регионалниот пат Кичево-Осломеј, на влез во с.Мамудовци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од В.П.(88) од Кичево и патничко возило „тојота рав 4“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(66) од с.Туин, кичевско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничката во возилото „тојота“ Р.Б.(67) од с.Туин, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево“, пишува во полицискиот билтен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен e возачот по трагедијата во која…

Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…

Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…

Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…

(Фото) Слета во бездна длабока 150 метри,…

Возачот кој утрово со својот автомобил слета…

Пронајден е возачот што удри две лица…

Денеска (16.05.2026) полициски службеници од Единицата за…

Тројцата загинати работници веројатно се од Непал…

Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на…