Протестен марш на семејствата на загинатите денеска во Кочани

t

Во сабота, 25 април со почеток од 12:05 ч. во Кочани ќе се одржи четврти протестен марш „Задоцнета реакција“ на семејствата на настраданите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ каде животот го загубија 62 млади лица и близу 200 повредени.

-Собирно место на маршот е Градскиот парк во Кочани истиот ќе продолжи кон Трговскиот центар во Кочани. Толпата од луѓе ќе застане во Трговскиот Центар како знак дека местото на покојните им е во Трговскиот Центар , за да потоа продолжи кон Општина Кочани заради изразување на револт кон институционалното работење, ќе продолжи кон МВР за да им посочиме дека задоцнија со реакција во секоја смисла на зборот и ќе продолжи пред Основен суд Кочани барајки отчет за сработеното и неселективна правда, соопштија организаторите.

На маршот може да се приклучат сите граѓани на Македонија  кои сакаат да изразат поддршка на родителите на покојните и почит спрема покојните. 

Протестниот марш е четврти по ред, откако претходните саботи голем број кочанчани излегоа на улиците да дадат поддршка на семејствата на настраданите и побараа правда за случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Можете да ја одложувате правдата, но не…

Родителите на загинатите млади во пожарот во…

ХОРОР ВО КОЧАНИ: Малолетници малтретирале прваче, го…

МВР информира дека вчера попладне во 12:45…

По 18 месеци од трагедијата во „Пулс“,…

Осумнаесет месеци по трагедијата во дискотеката „Пулс“,…

Трагедија во кочанско, пронајдено тело на 17-годишно…

Тело на младо лице било пронајдено во…

Седум бебиња родени за два дена во…

Кочани добива ретко убава и позитивна вест…