Германски пожарникари возеа 3000 км за да донесат лично донација во Кочани
На повик на Германската амбасада, во Кочани утрово пристигна конвој со хуманитарна помош од Германија, предводен од група пожарникари кои несебично донираа специјализирано противпожарно возило и значајна количина опрема на нивните колеги од Доброволното противпожарно друштво Кочани.
Германските пожарникари, со високо ниво на пожртвуваност, земале одмор од нивните работни обврски и поминале речиси 3.000 километри за да ја достават донацијата лично.
Со оваа акција, тие не само што обезбедија подобри услови за работа на своите колеги од Кочани, туку испратија и силна порака на солидарност и пријателство.
Оваа донација претставува значителна поддршка за зајакнување на капацитетите на, а воедно и пример за тоа како преку соработка и добра волја се создаваат мостови помеѓу народите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кинези во БиХ киднапирале петмина сонародници, за…
Двајца кинески државјани се уапсени во Босна…
Почина Рускиот амбасадор во САД
Рускиот амбасадор во САД, Александар Дарчиев, почина…
Позната компанија во стечај направила штета од…
Управата за финансиска полиција поднела кривична пријава…
Поради закани за атентат од Иран: Американскиот…
Американскиот министер за финансии Скот Бесент е…
Зеленски категоричен: Нема да го предадам Донбас…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски категорично ја отфрли…