Екс градоначалникот Коневски повикува да се доврши црквата „Св. Троица“ во Аеродром
Поранешниот градоначалник на општина Аеродром на социјалните мрежи повика да се доврши изградбата на црквата „Света Троица“ кој започна со изградба во време на неговиот мандат, во 2015 година.
„Во непосредна близина на Спортскиот центар Јане Сандански и Паркот на езерата, во 2015 година почна изградбата на Руската црква Св. Троица. Оваа црква според одобрението за градба е предвидено да има и капела Св. Георги Победоносец, во чест на паднатите борци и што е многу важно, беше планирано да има и кујна за бездомни лица.
Но, за жал, црквата остана недоградена и претставува лоша слика за овој дел од Аеродром, кој е многу посетуван и од домашни и од странски гости поради Спортскиот центар и Паркот на езерата. Ова запуштено место претставува и опасност при движењето, посебно во вечерните часови. Затоа упатувам апел до локалната самоуправа да помогне во доизградба на овој православен храм и со тоа да се добие уште едно убаво место во Аеродром“ вели Коневски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…