(Видео) Добри вести од Турција: „Мартин и Борис се подобри наскоро ќе ги пречекаме дома“ – Од шест повредени пациенти во Истанбул, останати се само двајца
Министерот за здравство и претседател на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, придружуван од претставници на Конзулатот на Северна Македонија во Истанбул, вчер ја посети болницата ” Чам ве Сакура” во Истанбул, каде што се лекуваат двајца од младите повредени во тешката трагедија што се случи во Кочани.
Во оваа болница првично биле примени шест пациенти, од кои четворица сега се пуштени на домашно лекување откако им се подобрила здравствената состојба. Двајцата преостанати пациенти, Мартин и Борис, се во стабилна состојба и продолжуваат со закрепнувањето.
За време на посетата, Таравари се сретна и со родителите на пациентите, изразувајќи поддршка и солидарност во овие тешки моменти. Тој изрази посебна благодарност до д-р Мустафа Туран и конзулот на Северна Македонија во Истанбул, Идриз Фазлиоски, за покажаната грижа и посветеност. “Свежата болка на Кочани е донекаде ублажена од Мартин и Борис, кои се подобри и наскоро ќе ги пречекаме дома. Ви благодариме, драга Турција, за целата грижа и гостопримство”, нагласи Таравари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гувернер на САД: Уапсен осомничениот за убиството…
Полицијата во американската среднозападна држава Минесота го…
Родители на починатите во пожарот во Кочани…
Родители на починатите во пожарот во клубот…
(Видео) Хаос во Тел Авив: Улици покриени…
Сцени на страв, хаос и вознемиреност ја…
Државата беше побавна затоа што мора да…
Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…
Земјотрес во Македонија
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според…