“За нашите арамии много голем Дунав иде“: Краделе накит од живи и починати во Дом за стари лица

t

Се крадело накит од живи и поничани во дом за стари лица во Куманово, вели бо објава на Фејсбук „Кумановска горила“.

Ја пренесуваме објавата во целост во продолжение:

За Нашите Арамии Много “голем ДУНАВ ИДЕ”

Дали се крадел златен накит и пари од живи и починати, се проневерувале ли и пари од Домот за стари лица „Зафир Сајто од 2022 до 2025 ?????

Подолго време предупредувам на хоророт што се случува во домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово. Сега, конечно, имаме официјална Изјава…

Изјава на вработена во домот, која директно признава низа тешки кривични дела извршени заедно со лица, кои биле на Советничката листа на НАШЕ КУМАНОВО (ЗНАМ ) и Максим или пак биле блиски до НИВ .

Изјавата е доставена до претседателот на синдикатот и директорот на домот, а содржи конкретни признанија за следниве кривични дела:

1. Проневера на јавни средства – пари од домот искористени за исплата на надворешен соработник без договор.

2. Кражба од штитеници – украдени 32.000 денари од КОРИСНИЧКА.

3. Здружено кривично дело – Кражба – подела на 8.000 денари со друг вработен.

4. Повлекување средства од сметки на починати – злоупотреба на банкарски уплати по смртта на корисници.

5. Фалсификување на работно време – измислени прекувремени часови и работа во неработни денови.

6. Исплата на дополнителни часови на миленици на раководството – политичко фаворизирање преку јавни пари.

7. Злоупотреба на службена положба за политички реваншизам .

Со оваа изјава се потврдува дека институцијата која треба да се грижи за нашите најслаби граѓани е претворена во приватна каса и политичка инквизиција.

Барам итна интервенција на Основното Јавно Обвинителство, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи и Државната комисија за спречување на корупцијата.

Потребна е одговорност – веднаш!

За Нашите Арамии Много "голем ДУНАВ ИДЕ" Дали се крадел златен накит и пари од живи и починати, се проневерувале ли и…

Posted by Kumanovska Gorilla on Monday, April 28, 2025

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Максим Димитриевски сака трет мандат за Куманово

Актуелниот градоначалник и лидер на ЗНАМ, Максим…

Тинејџерка од Куманово е тешко повредена, со…

Вчера претпладне, 18-годишна девојка од Куманово, возејќи…

Млада кумановчанка го запуштила детето, па го…

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Р.(22)…

Вработена во „Водовод“ пријавена за проневера на…

Службеничка во ЈП „Водовод“ Куманово е пријавена…

Кумановската болница повторно остана без вода

Кумановската болница повторно остана без вода поради…