Наместо по 150.000 денари за настраданите, Владата дала 23 милиони денари за да си го измери рејтингот

t

Наместо по 150.000 денари за настраданите, Владата дала 23 милиони денари за да си го измери рејтингот, реагираат од Левица.

– Левица најостро го осудува безобразието и лицемерието на Владата која во најтешките моменти ги излажа семејствата на настраданите во пожарот во Кочани!

Од страна на директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица ТОМОВСКИ, и портпаролката на Владата, Марија МИТЕВА, беше најавено дека ќе биде доделена итна финансиска помош од 150.000 денари за секое семејство со жртва од трагедијата, но и по месец дена, семејствата немаат добиено ниту денар од Владата!

Наместо помош за фамилиите, Владата три дена по најцрната трагедија, склучила договор за мерење на сопствениот и рејтингот на Мицкоски, во висина од 22.857.964 денари од народниот буџет!

Еден месец по соопштувањето на итната помош, платформата „Отворени финасии“ и семејствата на младите жртви потврдуваат дека Владата нема дадено никаква симболична поддршка – ниту директно од Владата, ниту преку Црвен крст! Ова значи дека семејствата на настраданите и повредените примиле и примаат донации само од граѓаните.

Додека хероите што спасуваа животи се заборавени и оставени без никакво признание, полициските службеници кои на кобната ноќ не укажале помош, иако се должни согласно Закон – останаа несанкционирани. Болниците колабираа под товарот на трагедијата, чекајќи донации дури и за најосновни медицински материјали, а државата остана нем набљудувач. И очигледно, Владата нема ниту намера да инвестира во здравствените установи – оставајќи ги граѓаните препуштени на милост и немилост на импровизираниот систем.

Не се работи за недостиг на средства и скромен Буџет, туку за свесен избор на Владата да ги троши парите за луксузи: за набавка на папаја и аспарагус за владините функционери, за приватни авиони и наштимани анкети за мерење на рејтинзи. – велат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Нема правда без одговорност на Тошковски…

Откако речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски…

ОЈО ќе организира средба со родителите на…

Откако за време на вчерашниот протест во…

Кочани ни е во фокусот, вели новиот…

Министерот најави амбициозен план за реформи во…

Левица објави јавен повик: Секој кој сака…

Левица објави јавен повик за кандидати за…

Мајка на загината во трагедијата во Кочани…

Мајка на загината во трагедијата во Кочани…