Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со локалните

t

Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата сé уште се калкулира дали наесен заедно со локалните нè очекуваат и предвремени парламентарни избори.

И додека од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека се уште нема конечна одлука за избори, министерот Александар Николовски вчера во телевизиско интервју, излезе со дециден став дека прашањето за предвремени парламентарни избори е затворено, и есенва нé очекуваат само локални избори. Додека пак, лидерот на едното крило на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари, денеска се изјасни дека одлуката за самостојни листи на претстојните локални избори е конечна.

Од коалицијата ВРЕДИ се на ставот дека барањето на ДУИ за предвремени парламентарни избори било дефокус за албанската заедница.

– Албанците не се наивни! Тие добро знаат дека на ДУИ ѝ е потребна „Пржинската влада“ само од една причина: да го прикрие криминалот на Али Ахмети и да ги скрие досиејата што излегуваат секојдневно! На фер и демократски избори, ВЛЕН не само што ќе ја избрише ДУИ од политичката мапа, туку конечно ќе ја испрати таму каде што одамна припаѓа, во историјата! – Соопштение од ВЛЕН/ВРЕДИ.

Како што брифира висок владин функционер за ТВ 24, Мицкоски има три политички сценарија – оваа есен заеднички локални и парламентарни избори, или пак само локални избори во октомври, но со потенцијал да повлечат и парламентарни напролет следната година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Економските резултати се мерат со бројки,…

Економските резултати се мерат со бројки, а…

Мицкоски: Во секое време сме подготвени да…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во вечерашното…

ВМРО-ДПМНЕ: Нови инвестиции, нови фабрики и илјадници…

Со нови проекти, нови производствени капацитети и…

СДСМ побара анализи за водата во Гостивар,…

Откако СДСМ побара да се објават анализите…

ВМРО-ДПМНЕ: За две години просечната плата е…

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ води одговорни економски…