(ВИДЕО) Запалена куќата на Пандов во скопско Зелениково
Запалена е куќата на директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов.
Истата е сместена во скопско Зелениково, а според Пандов се работи за смислен атак на криминалците.
„Ова е данокот за нашата борба за владеење на правото без калкулации?
Ова е цената за удирањето по мафијата!
Домот ми беше запален, и имам основано сомневање дека станува збор за смислен атак на криминалците!
Нема да не запрат и нема да не поколебаат.
Никој не е над законот!
Нема враќање назад кога се бориш за правдата. И кога ќе тргнеш против криминалот, тој се брани со насилство. Но ова нема да ме запре — напротив, само не зајакнува!
Очекувам институциите да го најдат и казнат сторителот. А јас и сите заедно ќе продолжиме таму каде што бевме — со уште поголема одлучност“, вели Пандов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) Запалена куќата на Пандов во скопско…
Запалена е куќата на директорот на Управата…
Гори куќа во центарот на Куманово
Гори напуштена куќа на улицата ,,Моша Пијаде"…
Србија го копира Груевски: Ќе се субвенционира…
Министерот за финансии на Република Србија, Синиша…
Голем пожар во куќа во Охрид –…
Приземна куќа изгоре во пожар попладнево во…
Битoлчaнeц co кaмиoн yдрил вo kyќа и…
На битолската улица „Љубојно“ вчера во претпладневните…