Гасификација, паркови, електричен јавен превоз – Костадинов: Метежот е намален, воздухот е почист, го решаваме загадувањето со конкретни проекти!
Во Струмица загадувањето на воздухот се решава со конкретни проекти, објасни во гостување во ТВ Сител градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
– Имаме анализи во Струмица направени од лабораторијата при УГД Штип, прв загадувач е неквалитетното огревно дрво, наративот криви се домаќинствата за мене не важи. Втор најголем загадувач е сообраќајот. И што прави Струмица? Имаме 43 километри гасоводна мрежа, имаме станица за декомпресија на природниот гас оти го носиме во компресирани боци и сме прв град на Балканот со целосно електричен јавен превоз, објасни градоначалникот.
Костадинов ги наброја и останатите проекти кои како локална самоуправа ги реализираат за почист воздух.
– Во новиот ГУП кој не ни поминува низ Министерството за транспорт, предвидуваме од постоечките 45 хектари зеленило во урбан опфат да се зголемат на 85 хектари зеленило во урбан опфат. 43.000 метри квадратни површина која е наменета за голем трговски центар во моментот градиме со средства на европските даночници, преку грант од ЕУ, не ги задолжуваме граѓаните, градиме нов парк на таа површина.
Велосипедски патеки, во моментов имаме 11 километри, до 2026 ќе имаме 18 километри вело-патеки согласно сите стандарди. Тоа се начините како да се бориме против загадувањето на воздухот, ама ако за целото тоа ние што го правиме некој се обидува да манипулира, да прикажува дека тоа се непотребни проекти, имаме проблем. Нема проблем Костадин Костадинов, има проблем секоја струмичанка и струмичанец. истакна градоначалникот.
Како што објасни Костадинов, електричниот јавен превоз има голем удел во справувањето со загадувањето. Околу 1.300 граѓани секојдневно го користат јавниот превоз во Струмица, што не е само еколошки проект, туку овозможува и поврзување на селата со градот. Дополнително, со јавниот превоз значително се олеснува движењето на луѓето, кои на пример од селото Баница до Струмица плаќале такси околу 300 денари, а сега патуваат брзо и ефикасно во текот на целиот ден за 30 денари, рече Костадинов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Учениците експресно се собраа и го исчистија…
Кога се сака – се може. По…
Струмичките полуматуранти направиле хаос – Костадинов: Плоштадот…
Полуматурантите во Струмица направиле хаос на струмичкиот…
Средношколци од Струмица организираат хуманитарен настан за…
Средношколци од Струмица денеска, 9 јуни, во…
Филипче: Младите не заслужуваат ваква власт што…
Од трибината на Социјалдемократската младина на Македонија…
Почна рушењето на нелегалните објекти во Струмица…
Реков дека ќе има ред во Струмица…