ДУИ: Одлуката на Уставниот суд е удар врз верската слобода и образованието
Демократската унија за интеграција (ДУИ) остро реагира на одлуката на Уставниот суд со која се укинува правото на Исламската верска заедница да организира средно верско образование – практика што, според партијата, се спроведува од 1984 година. ДУИ ја нарекува оваа одлука „удар врз верската слобода и идентитетот на муслиманската заедница“, предупредувајќи дека се ускратува правото на образование на илјадници млади.
Од партијата велат дека ова не е само правна одлука, туку и политички сигнал што повторно го отвора прашањето за еднаквост и колективно достоинство. Партијата упати критики и до албанските претставници во владата, обвинувајќи ги за молк и пасивност пред, како што велат, „обидот за враќање кон идејата за еднонационална држава“. ДУИ повика на реакција од јавноста, верските заедници и меѓународната заедница, со порака дека „молкот денес значи соучесништво со неправдата“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Реџепи: ДУИ нема да дозволи дестабилизација на…
Во политичка дебата во „Само вистина“, Бајрам…
ДУИ: Мицкоски го изгуби моралниот компас, подготвени…
Без срам власта е подготвена да ги…
Албанците се недоволно застапени во клучни институции,…
Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост…
ДУИ: Албанците никогаш нема да дозволат државата…
Најновите случувања поврзани со антиевропската агенда во…
Адеми: Aко има второ полувреме од 2001…
Потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми, предупредува дека…