Поради неизгасната првомајска скара, изгореа куќа и штала
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало седум пожари на отворено во последното деноноќие.
– Пожарникарите од територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Пробиштип, вчера од 13.55 до 18.00 часот со 2 возила и 4 пожарникари интервенирале на запалена напуштена куќа и штала во селото Марчино која се запалила од ооставен недогаснат оган од страна на излетници кои го имале запалено во дворот, информира ЦУК.
Заради ветер се разгорел и ја запалил околината, а потоа и шталата и куќата.
– Овој случај не опоменува и ни го повторува старото правило дека излетнички оган се гасне целосно пред да се замине и не се остава сам да догори, потсетуваат од ЦУК.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Белата куќа бара нови опции за напад…
Белата куќа побарала од Пентагон да разработи…
ЛЕТАЛ СО „МЕРЦЕДЕС“ ПО АВТОПАТ: Возел 203…
Возач на „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки…
(Видео) Француски градоначалник застана како „жив штит“…
Додека масовните протести поради условите во училиштата…
Владата го усвои Предлогот за измени и…
Денеска на седница го разгледа и усвои…
Протестите во Франција ja загрижуваат Европа: „Кризата…
Серија студентски протести низ Франција од невидени…