Трамп со голема парада ќе слави јубилеј на војската на денот на неговиот роденден
Белата куќа потврди дека на 14 јуни ќе се одржи голема воена парада со која ќе се одбележи 250-годишнината од создавањето на американската војска, а свеченоста ќе се совпадне со роденденот на претседателот Доналд Трамп. Целодневниот фестивал ќе се одржи во Вашингтон, а ќе учествуваат 6.600 војници, 150 армиски возила и 50 воздухоплови, пренесе „Гардијан“.
Трамп имаше идеја за воена парада и во својот прв мандат, но се откажа по извештаите дека тоа би ги чинело даночните обврзници 90 милиони долари. Американската војска соопшти дека парадата веќе активно се планира и дека ги истражува опциите како таа да се направи уште поголема. Трамп на тој ден ќе наполни 79 години.
Тој вчера го преименуваше празникот Ден на ветераните во Ден на победата во Првата светска војна и кажа дека планира да го преименува Денот на победата во Европа на 8 мај во Денот на победата во Втората светска војна.
„Многу од нашите сојузници и пријатели го слават 8 мај како Ден на победата, но ние направивме повеќе од која било друга земја во правењето победнички резултат во Втората светска војна. Ги добивме двете војни, никој не ни беше близок по сила, храброст или воен сјај, но никогаш ништо не славиме. Тоа е затоа што веќе немаме лидери кои знаат како да го направат тоа. Значи, повторно ќе почнеме да ги славиме нашите победи“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.
Според Националниот музеј на Втората светска војна во Њу Орлеанс, САД дале околу 418.500 жртви во војната.
Поклопувањето на роденденот на лидерот со државни свечености и воени паради и вежби е одлика главно на авторитарните режими, а таа пракса во последните децении остана само во земји како Северна Кореја и путиновата Русија. Во 20 век, познати беа приказите на моќта на армиите кои се совпаѓаа со родендените на некогашните лидери на Либија и на Ирак, Моамер ел Гадафи и Садам Хусеин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…
Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…
(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…
Меланија Трамп мораше да интервенира и да…
Америка бара контрола врз клучен гасовод во…
САД, според извештаи, побарале контрола врз клучен…
Стапија на сила основните царини од десет…
Голем дел од стоките увезени во САД…
Новинарka со микрофон го удри Доналд Трамп…
Американскиот претседател Доналд Трамп доживеа непријатност кога…