Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија
Жена (38), мигрантка од Грузија загина во експлозија во Солун, потврди денес грчката полиција. Полицијата објави дека е во тек кривична истрага.
„Се чини дека носела експлозивна направа и планирала да ја постави во банкомат на банка“, изјавил висок полициски службеник за Ројтерс.
„Нешто тргна наопаку и експлодираше во нејзините раце“, додаде полицискиот службеник.
По експлозијата, 38-годишна жена била префрлена во болницата Хипократ со сериозни повреди, објави „Катимерини“.
За време на нејзиниот транспорт, спасувачите на ЕКАБ се обиделе со кардиопулмонална реанимација.
Таа беше прогласена за мртва во болница.
Се истражува дали жената е поврзана со инцидентот, бидејќи претходно била во полициски притвор, вклучително и за грабежи.
Според истите информации, полицијата има и видео снимки што го поткрепуваат ова сценарио.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Влегол кај деканот, оставил писмо со закани…
Поранешен студент оставил писмо со заканувачка содржина…
Белата куќа бара нови опции за напад…
Белата куќа побарала од Пентагон да разработи…
ЛЕТАЛ СО „МЕРЦЕДЕС“ ПО АВТОПАТ: Возел 203…
Возач на „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки…
(Видео) Француски градоначалник застана како „жив штит“…
Додека масовните протести поради условите во училиштата…
Владата го усвои Предлогот за измени и…
Денеска на седница го разгледа и усвои…