Објавено на:

Детали: Најмалку двајца загинаа, 31 повреден во тешката сообраќајна несреќа во Хрватска

t

Најмалку две лица загинаа, а 31 се повредени во судир на автобус со босански регистарски таблички и патничко возило на автопатот А3 помеѓу Поповача и Криж во Хрватска, соопшти полицијата во Хрватска.

Фотографиите од местото на настанот покажуваат автобус превртен на страна и многу оштетен автомобил во другата лента. Полицијата потврди дека несреќата се случила помеѓу 82-риот и 83-тиот километар на јужната и северната страна од автопатот. Најмалку две лица загинаа. 31 лице беше повредено, од кои 29 беа згрижени во болници во Загреб, Сисак и Пакрац.

Командантот на локалната противпожарна служба, Мирослав Голуб, за Индекс изјави дека несреќата се случила откако елен излетал на автопатот.

„Автомобилот удрил во елен кој истрчал на патот. Возачот очигледно не можел да го помести автомобилот после тоа, но излегол на патот и им мавнал на другите автомобили да забават и да застанат. Возачот на автобусот што доаѓал од спротивната насока не застанал и се удрил во тој автомобил, ја пробил заштитната ограда и се превртел, завршувајќи во спротивна насока“, додаде Голуб. Сообраќајот во двата правци се пренасочува преку обиколницата на делницата Криж-Поповача, се вели во соопштението од Полициската управа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наместо на одмор, младите Босанци одат на…

Значително повисоките плати за истата работа, но…

Дедо-монструм, кој ги силувал внуците оставени кај…

77-годишен маж чиј идентитет не се открива…

Хрватска ја враќа воената служба

Хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ денес…

КФОР им додели медали на војници од…

Свечена церемонија за доделување медали на војници…

Бочварски: Просечната плата во Хрватска е двојно…

Благоја Бочварски, поранешниот министер за транспорт и…