Министерството за економија одзело седум лиценци за кабареа и две за дискоклубови

t

Седум лиценци за кабареа и по една за дискоклуб и дискоклуб на отворено одзело Министерството за економија и труд во периодот од 4 до 28 април годинава, покажува нивниот најнов Регистар, објавен пред три дена (30 април 2025 година). Причините не се детализирани, а одземените лиценци за кабареа се однесуваат на вакви угостителски објекти во Скопје, Куманово, Битола, Делчево и во Куманово. Два дискоклубови што останаа без лиценца се од Струмица, а едниот од нив е на отворено. Истиот Регистар покажува дека дури 35 барања за лиценци биле одбиени, а само една од нив датира од 27 февруари годинава, додека останатите се од периодот од 2018 година до сега. Инаку, од 2017 до 2025 година, МЕТ издало вкупно 205 лиценци за кабареа, дискоклубови и дискоклубови на отворено, покажува нивниот Регистар. Само петмина сопственици на кабареа ја продолжиле лиценцата за 2025 година.

Лиценците се обновуваат секоја година, а најскапа е онаа за летна дискотека – 10.000 евра, иако нивната сезона е ограничена на три месеци. По трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Државниот пазарен инспекторат изврши масовни контроли дали сите објекти ги исполнуваат техничките услови, иако имаат лиценца. За оние што немаат лиценци или им се истечени, донесена е забрана за работа.
Според Законот за угостителска дејност за да отворите кабаре – треба да платите од 2.500 до 5.000 евра во денарска противвредност, лиценцата за ноќен бар чини од 5.000 до 7.000 евра, за дискоклуб – 7.000 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грчкиот раст и натаму е над европскиот

Грција и натаму бележи повисок економски раст…

Просечната нето-плата во јули достигна 48.499 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во…

Мицкоски: Очекуваме раст на БДП меѓу 3,5…

Очекуваме годината да ја завршиме со раст…

БДП пораснал за 4,3% во второто тримесечје…

Државниот завод за статистика (ДЗC) објави дека…

Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…

Растот на индустриското производство во вториот квартал…