Јанчев: ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ не гласаа за измените на Кривичниот законик и за кратење на парите за политичките партии
Пратеникот на Левица, Саше Јанчев, во својата последна Фејсбук објава ја критикуваше одлуката на пратениците од ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ кои не гласаа за предложените измени на Кривичниот законик, кои вклучуваа незастарливост на кривичните дела против државата, службената должност, платниот промет и стопанството. Според Јанчев, ова е уште еден доказ за нивната неискреност и политичка манипулација.
„ДПМНЕ кога беа опозиција гласно се бунтуваа против измените на Кривичниот законик кои се правеа од претходната власт за да се спасат функционери од одговорност. Арно, ама кога тие сега беа на ред да го поддржат предлогот за овие измени, не го сториле тоа“, напиша Јанчев.
Тој исто така укажа дека истите партии не гласаа ниту за кратење на државните пари за политичките партии, што дополнително ја потврдува нивната намера да го одржат системот што им носи корист. Според него, во земјава постојат ситуации каде партии кои не освоија голем број на гласови, сепак добиваат значителни суми од државата за функционирање.
„Во државава, една партија која ќе освои само 90 гласа може да добие повеќе од 60.000 евра од државата. Тоа е перфектен систем за создавање на мал број партии кои потоа стануваат сателити на големите партии како ДПМНЕ и СДС“, нагласи Јанчев.
Во продолжение, пратеникот од Левица истакна дека оние кои го создадоа овој систем не можат да го сменат бидејќи од него зависат нивните политички интереси и финансиски бенефиции.
„Тие од овој систем живеат и нема теорија дека ќе го сменат. Вака се одржуваат на власт и овозможуваат да манипулираат со државните ресурси“, заклучи Јанчев.
Целиот негов Фејсбук статус во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче…
Пензионерите денес имаат конкретени резултати кои што…
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си ги мерат „АРМИИТЕ“…
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ денес повторно…
(Видео) Луѓе се затворија во кафез пред…
Протестна акција, во која доброволци деноноќно ќе…
ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му смета секој успех…
Филипче денес се најде да зборува за…
ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за…
Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата…